АВМУ: Поради неприфатлива понуда поништени само две јавни набавки

11 јули 2019

Во врска со презентираниот трет мониторинг извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК),во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROfomance Watch II“ на 9 јули 2019 година, имате објавено информација во којашто се
изнесени неточни податоци за поништените јавни набавки на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

„Кај АВМУ биле до три проценти, а сега се зголемени на 15 пороценти. Кај двете има висок процент на најнепопуларното поништување односно за неприфатлива понуда. По тој основ кај АЕК биле поништени 61 процент од постапките, а кај АВМУ 40 проценти“, наведе Филков.

Во 2018 година, Агенцијата за аудио и аудивизуелни медиумски услуги има реализирано 30 јавни набавки.

Поради неприфатлива понуда беа  поништени само 2 (две) јавни набавки.

Оттука, целосно е неточно дека има „висок процент на најнепопуларното поништување односно за неприфатлива понуда“, бидејќи повторуваме станува збор за две јавни
набавки.

Вака претставените информации ја доведуваат во заблуда јавноста и создаваат погрешна слика за институцијата која работи согласно важечките законски прописи и редовно ја известува јавноста за своите активности во насока на обезбедување што поголема транспарентност.

Одделение за поддршка на работата на Директорот и односи со јавност

Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги