Австралија: Се топеше асфалтот

Топењето на асфалтот во Квинсленд во Австралија предизвика низ проблеми за бројни возачи кои запреа и ги напуштија своите возила, додека гумите им беа облепени со катран.

Околу 50 лица ќе имаат правпо на финансиска надокнада за направената штета после инцидентот што се случи вчера недалеку од градот Каирнс, на подрачјето на Атертон Таблендс, пишува Би-Би-Си.

Никогаш не сум видел нешто слично. Кога вчера почнаа да стигнуваат извештаи и фотографии, не можев да поверувам, беше едноставно неверојатно“, рече градоначалникот Џое Паронела. Проблемот веројатно го предизвикаа промената на времето и оштетувањата на патот.

Деборах Стејси, која живее во близина, раскажува дека големи парчиња катран се лепеле на камионите и автомобилите, веројатно поради жештините кои следеле после неколку дена дожд.

„Имавме една недела врнежи од дожд. А кога засјае сонцето, се почна да се топи и да се лепи“, рече Стејси.

Катранот предизвика големи штети на гумите и браниците на возилата, а патот извесно време ќе биде затворен за сообраќај.