„Амазон“ претстави самопослуга без каси

Американската компанија за продажба по пат на интернет „Амазон“ го претстави новиот концепт на самопослуги во кои купувачите, благодарение на технологијата на вештачка интелигенција, земаат стоки и си заминуваат, не плаќаат на каса.

„Амазон“ на својот сајт соопшти дека го тестирал новиот супермаркет во Сиетл, во чија понуда се основните прехранбени производи – леб, млеко сирење, чоколади и јадења „за носење“.

amazon-go-3

Продажниот објект за сега е достапен само за вработените во таа компанија, а за останатите потрошувачи ќе биде отворен на „почетокот на 2017 година“, се наведува на сајтот на „Амазон“.

Со концептот „Амазон Го“ на клиентите ќе им биде овозможено да купуваат без „чекање во ред на каса“, благодарение на апликацијата за мобилни телефони.

amazon-go-4

Благодарение на таа апликација, купувачот само „ја полни корпата“ како во која било друга продавница, а потоа си заминува без поминување покрај касата.

amazon-go-2

„Таа технологија автоматски детектира кога производите се земени од рафтот и го следи нивниот пат во виртуелната корпа. Кога ќе завршите со купување, можете едноставно да ја напуштите продавницата, а компанијата подоцна ќе ви ја прати сметката“, стои во соопштението на „Амазон“.

Компанијата наведува дека таква набавка „овозможила истата технологија која се користи за автомобили без возач“, односно вештачка интелигенција со помош на која компјутерот „може да гледа и да учи“.

amazon-go-5

Ова не е прв пат американскиот гигант за онлајн трговија да отвара „физички“ продажен објект, затоа што минатата година, исто така во Сиетл, отвори библиотека, а има и неколку објекто во другите американски градови.

Ако тестирањето на самопослугата во Сиетл се покаже успешно, ќе направи притисок на компанијата која стоката ја продава на вообичаен начин, како што е на пример американскиот трговски гигант „Волмарт“, уште повеќе популарен меѓу граѓаните, главно поради купување на прехранбени и производи за домаќинство.