Американец дрогирал верверица за да биде агресивна

„Полицијата во Алабама, во јужниот дел на САД, виделе необична сцена на почетокот на неделата, при претрес на еден стан – верверица дрогирана со метамфетамин.

Животното било дрогирано од сопственикот, бидејќи сакал „борбената верверица“ во неговиот кафез да биде агресивна, информираат од канцеларијата на шерифот на округот Лајмстоун.

За време на претресот на станот покрај метамфетамин, исто така, биле пронајдени и други дроги и оружје.

Законот во Алабама забранува чување на диви животни во заробеништво, па верверица била пуштена на слобода по препорака на официјални лица за заштита на животната средина.

„Верверицата отиде во шумата и не ги нападна полицајците што ја пуштија, изјавија од канцеларијата на шерифот.