Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра, минималната плата мора да расте

ие како држава мораме да покажеме дека сакаме да ги заштитиме и семејствата во пониска класа што земаат помали плати, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев во „Топ тема“ на телевизија „Телма“.

-Во секоја земја е дефинирана минималната плата. Минатата недела имавме средби со стопанските комори. Засега сеуште немаме дефинирано вредност. Следниот период ќе имаме интензивни средби на кои што ќе разговараме се со цел да се најде заедничко решени и тоа нема да биде избрзана одлука. Да бидеме искрени, едно семјество не може да живее со 200 евра месечни примања и двајца да работат. Во сите држави минималната плата е да ги заштити најранливите категории, изјави Анѓушев.

Според претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска, минималната плата е на ниско ниво, а во време кога се спорведуваат мини даночни реформи, ново зголемување може да направи дисторзија на пазарот на труд

-Мора да се направи анализа по сектори и да се види каде може да има зголемување. Сите сакаат да ја зголемат, но мора многу фактори да се земат предвид при утврдување на вредноста на минималната плата, истакна Арсовска.