Арсовски: Заев веќе не е во состојба да одлучува за иднината на граѓаните

Скопје, 14 август 2019

Вчерашната изјава на Зоран Заев точно ја отсликува психичката состојба во која тој се наоѓа и воопшто не е наивна.

Зоран Заев е очаен и нервозен, и тоа можеше да се види многу јасно.

Зоран го губи тлото под нозете и веќе не е во состојба да одлучува за иднината на граѓаните и нашата држава Република Македонија.

Зоран Заев во очајна состојба, каде што по изгледот и заканите наликуваше на шеф на мафијашка банда, а не на премиер на држава, вчера се закани дека по ниедна цена нема намера да ја пушти власта и да си замине.

Зоран Заев, вчера се закани и кон медиумите и кон сите останати оние кои што имаат намера да ги изнесуваат на виделина сите негови криминалии и криминалиите на неговото раководство, за кои што подоцна ќе треба истите тие да сносат одговорност за се она што го правеле изминатиов период.

Самиот Заев кој е вмешан во целата оваа криминално – рекетарска мрежа, потврди дека нема намера да дозволи да го симнат од власт оние со кои што шурувал и соработувал изминатиот период и без да бира средства, ќе се обиде да го заташка целиот случај за милионскиот рекет.

Што нормално не смее да се случи.

Да сакаше Заев да се реши случајот немаше да ги штити неговите блиски од раководството кои се директно вмешани во целиот случај.

Додека Заев се заканува кон граѓаните, Катица Јанева сеуште не е повикана на распит
во обвинителството и е на слобода наместо во притвор.

Нервозата и очајот кај Заев покажуваат дека и тој самиот е вознемирен за целиот случај кој е обелоденет и кој го покажа неговото право лице по 100-ти пат и е свесен дека после ова нема назад.

После вчерашната изјава само уште еднаш се потврди дека позади притворените во случајот „Рекет“ стојат челните лица на СДСМ и Владата, односно стои позади нив Зоран Заев.

Ја осудуваме неговата изјава и му порачуваме да прекине да се заканува кон новинарите и медиумите, да прекине да врши притисок врз граѓаните да бидат слепи на неговиот криминал и да си даде оставка што побрзо, затоа што неговиот кредибилитет во моментов е помалку и од нулата.

Никој повеќе не го сфаќа сериозно.

Затоа, потребни се предвремени парламентарни избори, на кои граѓаните иако против негова волја како што кажа нема намера да ја пушти власта, ќе го тргнат Заев.

И ќе го пратат Зоран Заев и СДСМ во историјата.

Следува веднаш после предвремените парламентарни избори обнова на Македонија и тоа следува многу брзо.

Прашање: Рековте дека ја осудувате заканата кон новинарите и кон граѓаните, но дали осудувате навредата кон ЛГБТ?

Одговор: Веќе имавме соопштение со осуда во текот на вчерашниот ден, после неговата изјава и таму во соопштението убаво пишуваше дека ја осудуваме неговата изјава и дека таква изјава со таков гнев и агресија може само да каже лице кое што изминатиот период било во блиски контакти со истите.

Прашање: Владејачката СДСМ вели дека вашата реакција е лицемерна бидејќи во минатото додека беше ВМРО-ДПМНЕ на власт затвораше медиуми, згаснуваше медиуми или притвораше новинари, и се однесуваше кон ЛГБТ заедницата поинаку.

Одговор: Видете, лицемерно е Зоран Заев и СДСМ да зборуваат за се останато, за се она кое што во моментов се случува да го дефокусираат.

Во моментов сме на средина на случај каде што целата Влада стои позади милионски рекет кој што ќе треба да се истражи меѓутоа не на ваков начин.

Во моментов гледаме дека милионскиот случај „Рекет“ на секој можен начин се обидува медиумски со изјави, со притисоци да се дефокусира од вистинските луѓе кои што се инволвирани.

Гледаме дека Катица Јанева се уште не е повикана на распит во Обвинителството и да
даде изјава.

Така да, лицемерно е да се зборува за сузбивање на криминал и корупција, да се зборува за борба против корупција, а да не се повикаат инволвираните и сите оние кои што се споменати во оние снимки кои што излегоа на распит на во Обвинителството.

Овој случај да се заврши што побрзо.

Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ