Ајакс испиша историја во ЛШ

Ајакс од Амстердам е првиот клуб во историјата на Лигата на Шампионите кој стигнал до полуфиналето на Лигата на шампионите, а настапил во трите квалификациски рунди пред да влезе во групната фаза.

До историскиот резултат, холандскиот тим дојде по победата (2:1) над Јувентус синоќа на гостински терен во реваншот од четвртфиналето.

Следен противник на Ајакс ќе биде подобриот од англиската пресметка во четвртфиналето меѓу Манчестер сити и Тотенхем (0:1 прв натпревар).