Бектеши ќе учествува на Првиот балкански форум во Солун

Министерот за економија Крешник Бектеши утре и задутре ќе учествува на Првиот балкански форум за инфраструктура, развојни мрежи и за промоција на претприемништво и иновации, што се одржува во Солун, во организација на грчкото
Министерство за Македонија и Тракија.

Форумот ќе го отвори заменик министерката за Македонија и Тракија, Елефтерија Хаѕигеоргиу, а вицепремиерот на грчката Влада, Јанис Драгасакис ќе говори на тема „Балканската соработка и ко-развој, можности и перспективи“.

Министерот Бектеши, како што соопштуваат од Министерство за економија, пред своите колеги ќе ги претстави иницијативите за зајакнување на економската соработка меѓу балканските земји и развојот на претприемништвото и иновациите.