Богдановиќ и Џорџ се прогласени за најдобри играчи изминатата недела во НБА

Најсилната светска кошаркарска лига ги прогласи најдобрите во двете конференции за минатата седмица.

МВП на Источната конференција е кошаркарот на Индијана, Бојан Богдановиќ.

Неговиот просек е 22,5 поени, 2,5 скока и три асистенции.

Најдобар играч на Западната конференција беше членот на Оклахома сити, Пол Џорџ.

Тој во просек, постигна 37 поени, осум скокови и 3,3 асистенции