Британски хакер осуден за напад на либериски провајдер

Британскиот хакер Даниел Кеј е осуден денеска на 32 месеи затвор поради сајбер напад на мрежата на една телекомуникациска компанија во Либерија.

Кеј (30) бил ангажиран од службеник на ривалска фирма да предизвика хакерски напад (ДдоС) на либерискиот провајдер на телефонски и интернет услуги „Лонстар“.

Британската национална агенција за борба против криминалот соопшти дека нападот на компјутерската мрежа „Лонстар“ им оневозможи на граѓаните пристап на Интернет ширум Либерија и ин нанесе штета на компанијата во износ од повеќе од десетина милиони долари, пренесува АП.

Кеј, кој важи за „високо квалификуван хакер“ во декември ја призна вината.