Бугарската Влада го одобри договореното од заедничката меѓувладина комисија

Бугарската Влада го одобри протоколот од првото заседание на Заедничката меѓувладина комисија меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија одржан на 10 јуни во Софија. Владата направила и преглед на исполнувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан меѓу девете земји на
1 август 2017 година.

Разгледани се и предложените мерки за подобрување на билатералната соработка во економијата, енергетиката, одбраната, патната инфраструктура, туризмот, образованието, културата,…

Заедничката меѓувладина комисија, како што соопшти прес-службата на бугарската Влада, ја повика Комисијата за историски и образовни прашања составена од експерти од двете земји, да ја забрза работата околу отворените теми од заедничката историја како што се Гоце Делчев и Илинденското-Преобреженско востание со цел да биде направен напредок согласно Договорот за добрососедство, а врз база на објективни, основани и автентични докази и историски извори, како и научно потврдено толкување на историските настани.

Софија и Скопје веќе го прифатија договореното од Комисијата за историски и образовни прашања за заедничко одбележување на Свети Кирил и Методиј , Свети Климент и Наум и Цар Самоил, како и заедничките принципи во врска со содржината на учебниците по историја за петто одделение во Бугарија и за шесто одделение во Северна Македонија.