Верати ќе го продолжи договорот со ПСЖ

Играчот од средниот ред на ПСЖ, Марко Верати е близу до обновување на договорот со клубот.

Според „Газета дело спорт“, парижаните се договориле со 26-годишниот
италијански репрезентативец за соработка до 2024 година.

Од 2012 година, Верати е член на ПСЖ.

За парижаните има одиграно 282 натпревари на сите турнири, постигнато девет голови и остварени 47 асистенции.