(Видео) Заев: Од споредниот балкански колосек се вративме на главниот автопат кон Европа

На свечена церемонија денеска пред Владата на Република Македонија беше кренато знамето на НАТО.

„Денеска го креваме знамето на НАТО, што заедно со европското и со нашето, ја одредува иднината,  не само нашата и на нашите поколенија. Тоа не е само симболика, туку реалност. Тоа е нова страница во нашата историја, рече премиерот Заев на церемонијата пред Владата по повод кревањето на знамето на НАТО.

-Успеавме од споредниот балкански колосек на кој чекавме со децении и се вративме на главниот автопат кон Европа, рече Заев и додаде дека во периодот што следува ќе бидеме директни учесници во најзначајниот период од осамостојување на државата, во кој сами ќе одлучуваме за нашата иднина, но и со брзината со која ќе ја стасаме таа цел, рече премиерот.

Заев оцени дека иднината веќе не ни е судбина, туку судбината ја земавме во свои раце и ја одредивме иднината.