ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствува на гласањето за Договорот со Грција

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствуваат на денешната пленарна седница за повторно гласање на Договорот за Грција, објавија од партијата.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не беа во собраниската сала ниту при првото гласање за Договорот од Преспа.

Вчера, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, најави дека денеска неговата партија ќе поднесе кривични пријави против луѓето замешани во донесувањето на Законот за употреба на јазиците и на Законот за ратификација на договорот со Грција.