ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозно е однесувањето на власта, која соочена со пораз губи контрола

„Нервозата кај Заев и Пендаровски од неминовниот изборен пораз е се по очигледна. Активисти на власта се закануваат дека со пиштоли ќе влезат во ДИК, јавно пред камери, а Стево Пендаровски молчи.

Скандалозно е однесувањето на власта, која соочена со пораз губи контрола.

Пендаровски и Заев знаат дека губат и затоа и се закануваат.

Криминалитетот е зголемен. На само неколку дена пред избори од банка во Скопје одземени се 150.000 евра, а Спасовски молчи и се уште ги нема пронајдено разбојниците.

Дали со ваквото непостапување, Спасовски всушност ги крие разбојниците?

Постои основано сомнение во јавноста дека овие пари ќе бидат искористени за купување на гласови.

Поразот на Пендаровски кој е повеќе од јасен допринесе власта да прибегне кон криминални методи. Но ништо не може да го спречи падот на СДСМ, бидејќи граѓаните не поддржуваат криминал и насилие. Граѓаните сакаат право и правдина. Граѓаните ќе гласаат за Гордана Сиљановска Давкова“, стои во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.