ВМРО-ДПМНЕ: ЈО ја развлекува истрагата за да се заборави аферата „Рекет“

Истекуваат два месеци откако Боки 13 е во притвор, а тој се уште не е повикан на распит. Што знае Боки 13, па Русковска и Заев се плашат од тоа!?

Единствено што ЈО прави е развлекување на истрагата за да биде заборавена во јавноста аферата Рекет.

ЈО молчи и за случајот објавен во медиумите, во кој се вели дека високи функционери на УБК со чувствителни материјали рекетирале бизнисмени.

Тоа значи директно и на втора институција, после СЈО во незаконски дејствија.

За сето време Катица Јанева продолжува да командува со институцијата преку која го вршела кривичното дело. Несвојствено е ЈО за осомничен кој извршил такво дело да не побара оддалечување од службата.

Русковска молчи и за наредбите на Јанева од притвор, која го командува на нејзиниот шеф Јовески, а се наоѓа зад решетки заради злоупотреба на службена положба и овластување. Апсурд до апсурд.

Ваков правен систем не постои никаде во светот. Ова не е право, туку циркус.

СДСМ не сака право. СДСМ сака криминалците да останат неказнети.

СДСМ нема кредибилитет повеќе. СДСМ мора да си замине.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE