Во акциска контрола на МВР санкционирани 55 возачи за брзо возење

Вкупно 55 возачи во Скопје ја пречекориле брзината во населено место и преземени се мерки против нив.

Откриени се и 22 останати прекршоци за кои се издадени девет прекршочни платни
налози и 13 мандатни платни налози.

Ова го покажале резултатите од зајакнатата акциска контрола на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје, спроведена изминатото деноноќие, од 6 до 24 часот.

Како што соопшти денеска МВР, акциската контрола е за откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната во населено место на подрачјето на град Скопје.