Второ место за МЗТ на турнирот во Романија

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го освоија второто место на меѓународниот меморијален турнир „Антонио Алексе“ во Романија, откако вчеравечер загубија од
домаќинот Орадеа со 97:64.

Џабари Хиндс со 21 поен беше најпрецизен кај аеродромци, Нуни Омот постигна 12 поени, Марин Морнар беше стрелец на осум, а Дамјан Стојановски на седум поени.

Македонскиот шампион денес ќе ги продолжи подготовките за новата сезона.

Следните две контроли на „сино-белите“ ќе бидат против романска Крајова на 16 и 17 септември во „Јане Сандански“.