Голема воена вежба на турската армија во Средоземно, Егејско и Црно Море

Турската армија денеска почна голема воена вежба во Средоземно, Егејско и Црно Море во која учествуваат 131 бродови, 57 авиони, 33 хеликоптери и 25.900 војници. Тоа е втора воена вежба на турската армија оваа година и ќе трае до 25 мај.

Воената вежба е наречена „Денизкурду“ (Морски волк), чија цел е проверка на воената подготвеност и справување со домашните кризи, како што се природни катастрофи.

Во воената вежба учествуваат и вооружени дронови, ракети против подморници, корвети и боева муниција.

Воената вежба се одвива во момент на обновените тензии помеѓу Турција и Кипар за истражувањето на природниот гас во Средоземно Море. Никозија тврди дека тоа е „ексклузивна економска зона“ на Кипар, додека Анкара наведува дека нејзините активности во Источен Медитеран се  легитимни според меѓународното право.