Делегација на Националната гарда на Вермонт во посета на Скопје

Висока воена делегација на Националната гарда (НГ) на американската сојузна држава Вермонт, предводена од нејзиниот командант, полковник Грегори Најт, се наоѓа во тридневна официјална посета на Република Северна Македонија.

За време на посетата, полковник Најт ќе оствари средби со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и со својот домаќин, началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Покрај унапредувањето на понатамошната соработка, целта на посетата на
новопоставениот командант на НГ на Вермонт, соопштија од МО, е запознавање со процесот на трансформација и капацитетите на Армијата.

Како што е најавено, полковник Најт ќе оствари средба и со претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски.