Димитров: Го направивме невозможното, докажувајќи дека чудата се можни

„Го направивме невозможното, докажувајќи дека чудата се можни. Во тешки околности, го решивме најголемиот проблем од независноста, што Македонија упорно ја влечеше назад, порача вечерва на својот Фејсбук профил шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, откако Собранието претходно денеска ги изгласа уставните измени, кои произлегуваат од Договорот од Преспа.

„Ја преземавме одговорноста на нашата генерација, да ја зацврстиме државата и да направиме услови за подобра и посигурна иднина за идните генерации. Го зачувавме најважното, македонскиот идентитет, а нашата Македонија ја разграничивме од нашите соседи, истакна Димитров.

„Ви благодарам на поддршката кога беше најтешко, на советите, но и на критиките. Горд сум на македонскиот народ, на нашите сограѓани Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други. Покажавме дека во нашата Македонија, живее идното, европско лице на Балканот. Кога сакаме, можеме. Сега засукани ракави, да си ја направиме европска во секоја смисла. Секој во своето. Ќе не’ биде!, додава шефот на
македонската дипломатија во својата порака.

 

Nikola Dimitrov

@Dimitrov_Nikola

We have taken ownership of our destiny. We are making history by opening up our future. We have proven that miracles are possible. We demonstrated that we are European, not only geographically, but also in terms of European values. I am proud to be on the right side of history.

122 people are talking about this