Димитров изрази сочувство за настраданите во невремето на Халкидики

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров, изрази сочувство за настраданите од невремето на Халкидики, во кое животот го загубија седум лица, а повеќе од 100 се повредени.

Во сочувството објавено на Твитер, Димитров вели дека е вџашен од ужасното невреме во областа Халкидики во Грција што резултираше со губење на животи, повредени и значителна материјална штета.

„Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и најблиските. Ние сме подготвени да помогнеме за се што е потребно“, наведува шефот на дипломатијата