ДКСК ќе ги испитува вработувањата на лицата блиски до функционери

Државната комисија за спречување на корупција по сопствена иницијатива ќе ги истражува последните вработувања на лица блиски до функционери.

„Ќе побараме да ни ја достават целокупната документација од спроведените постапки за вработувањата. По истражувањето и анализата јавноста ќе биде запознаена со наодите, рече претседателката на Антикорпциската комисија, Билјана Ивановска.

Таа истакна дека ќе ги истражат и случаите поврзани со одобрувањето на проектите од годишната програма на Министерството за култура, како и претходно актуелните случаи со доделувањето грантови од Фондот за иновации. Ќе се испитуваат и сите случаи каде, како што рече, ќе се појават елементи на незаконски и со коруптивни корени предмети.

„Ќе го испитаме тој случај во однос на процедурата, постапката, критериумите. Ќе ја побараме документацијата, ќе ја истражуваме и за тоа ќе ја известиме јавноста. Ќе го искористиме и правото од член 17 од законот да вршиме антикорупциска проверка на законите и да кажеме каде треба да се зајакнат да не дојде до вакви случаи, што впрочем е и една од улогите на Комисијата да делува и превентивно, рече претседателката на ДКСК.

Ивановска смета дека институциите треба да ги зголемет контролите, да ги утврдат процедурите за избор на кандидати, и критериумите што ќе обезбедат вредност.

„На крајот на крашитата секој има право да конкурира. Но, дали ние сакаме да најдобрите. Да. Ги сакаме најдобрите, а не роднините. Не треба да пати некој бидејќи е нечиј роднина, но треба да знаеме дека сме го избрале најдобриот, рече Ивановска.