Дополнителни 500 билети во продажба за дуелот на Вардар со ПИК Сегед

Поради големиот интерес за натпреварот од четвртфиналето од ЕХФ Лигата на шампионите против тимот на ПИК Сегед, РК Вардар денеска пушта во продажба дополнителен контингент на билети.

„Преку онлајн продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” ќе бидат пуштени во продажба ДОПОЛНИТЕЛНИ 500 билети. Истите се за секторот СТОЕЊЕ. Цената на билетите е 200 денари“, објави РК Вардар.

Натпреварот меѓу Вардар и ПИК Сегед е закажан за 25 април со почеток во 20 часот во СЦ „Јане Сандански”.