Дутерте предлага ќотек и пукање како методи за справување со корупцијата на Филипини

Претседателот на Филипини Родриго Дутерте предложи граѓаните во државата да пукаат во службеници кои од нив бараат поткуп, но да не ги убиваат, објави весникот „Манила булетин“.

– Ако плаќате данок или нешто друго и службениците ви бараат за тоа поткуп – удрете ги. Ако имате оружје, можете да пукате во нив, но да не ги убивате бидејќи може да не добиете помилување, истакна Дутерте.

Тој нагласи дека ако во неговата администрација се појават случаи на поткуп, Дутерте ќе го повика корумпираниот и ќе му дозволи на оној од кој се барало мито да го удри службеникот.

Дутерте е познат по неговото сурово владеење и неговите драстични мерки во борба против дрогата.

 

 

ИЗВОР: МИА