ЕУ и САД размислуваат за воведување нови санкции кон Русија

ЕУ и САД размислуваат за воведување дополнителни санкции кон Русија, поради задржувањето на 24-темина украински војници од страна на припадници на руската Воена морнарица во близина на Крим лани во декември, тврдат дипломатски извори.

Истите извори посочуваат дека разговорите за ова прашање во монетов се водат на ниво на работни групи и дека санкциите би биле насочени кон оние кои се одговорни за инцидентот крај Крим.

За воведувањето дополнителни санкции кон Русија, според најавите, ќе се разговара на средбата на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ в понеделник во Брисел.

Сепак, според дипломатските извори, конечната одлука за зајкнување на санкциите кон Русија би била донсена во текот на наредните недели.

Некои западни земји сметаат дека одговорот на Западот на задржувањето на украинските војници од страна на Русија бил „слаб“ и дека ако не бидат преземени никакви мерки поради овој случај, „постои ризик Москва да продолжи да го крши меѓународното право“.