Заев: Македонија нема друга алтернатива освен европската

„Македонија нема друга алтернатива освен интеграција во ЕУ и НАТО, Европскиот совет сака да види резултати за реформите“.

Ова меѓудругото денеска го изјави македонскиот премиер Зоран Заев на конференцијата „Македонски перспективи – Како до Европа“ во Скопје.

Според премиерот, Договорите со соседните Грција и Бугарија покажаа дека сакаме да развиваме добрососедска политика и подобрени меѓуетнички односи со сите.