Избрана замената на Натали Вуд во преработката на „Приказна од западната страна“

Режисерот Стивен Спилберг ја избра 17-годишната средношколка Рејчел Зеглер за главната улога во својата преработка на оскаровскиот филм „Приказна од западната страна“.

На аудицијата се пријавиле 30.000 млади девојки. Приказната првпат е поставена како мјузикл на Бродвеј во 1957, а во 1961 година беше објавен и филмот кој стана класика и доби 10 оскари.

Главната женска улога ја имаше Натали Вуд, а главната машка – Ричард
Бејмер.

Главната улога во преработката му припадна на Ансел Егорт кој веќе стана светски познат по неколку тинејџерски филмови.

Снимањето на проектот на Спилберг почнува налето.