Кавани сеуште не тренира со екипата

Најдобриот стрелец на уругвајската фудбалска репрезентација Едисон Кавани ниту вчера не тренираше со екипета, пред четвртфиналниот натпревар од Светското првенство со Франција.

Фудбалскиот сојуз на Уругвај објави фотографии од тренингот на репрезентацијата но на нив го нема напаѓачот на Пари Сен Жермен.

Кавани до сега постигна три гола на Мундијалот во Русија, од кои два во победата над Португалија (2:1), во осминафиналето. Тој во 74 минута од тој натпревар го повреди листот од левата нога и го напушти теренот.

Се очекува дека во нападот ќе го замени Кристијан Стуани.

Четвртфиналниот натпревар меѓу Уругвај и Франција се игра утре (петок) со почеток од 16 часот.