Кадетките заминаа за Бугарија

Македонската репрезентација составена од кошаркарки до 16 години замина за Софија, Бугарија каде во наредните десет дена ќе земе учество на Европското првенство, дивизија Б.

Кошаркарките речиси два месеца тренираа во Скопје и во Маврово, а одиграа и пријателски натпревари на домашен терен.

„Црвено-жолтите“ се сместени во единствената група со пет репрезентации, групата Д заедно со Луксембург, Холандија, Бугарија и Украина.

Македонија првенството утре ќе го отвори со натпреварот против Холандија, на 16 август е слободна, а на 17 се среќава со домаќинот Бугарија.

Следи уште еден ден за одмор, а на 19 август противник на македонските кошаркарки ќе биде Луксембург додека последниот натпревар од групната фаза, против Украина е закажан за на 20 август.