Куба: Се преврти автобус, седум загинати

Во сообраќајна несреќа во Куба седум лица загинаа, а 33 се повредени кога се преврти автобус во кој биле дваесет странски туристи, пишуваат денеска локалните медиуми.

„Од 40 патници, 22 биле странци од Холандија, Англија, Франција, Мексико и Канада“, јави весникот Венсеремос од источната провинција Гвантанамо каде што се случи несреќата.

Автобусот се преврти на патот од местото Баракоа кон главниот град Хавана.

Возачот на автобусот изјавил дека ја загубил контролата над возилото поради влажниот коловоз, но сведоци пренеле дека тој се обидувал да заобиколи едно возило и дека поради возилото кое доаѓало од спротивен правец свртил и излетал од патот.

Венсеремос на својот интернет сајт објави список на настраданите меѓу кои се една 59-годишна Германка и две Аргентинки, двете со по 35 години.

Меѓу петте тешко повредени тројца се Кубанци и двајца се странци, една Французинка и еден Шпанец, наведува весникот.