КФОР најави вежба на Косово

КФОР доцна вчеравечер на социјалните мрежи најави одржување на вежба на Косово во која ќе бидат вклучени и хелихоптери, не наведувајќи притоа кога вежбата ќе биде одржана.

КФОР ќе спроведе воена вежба, со распоредување на труои долж разни рути на Косово. Вежбата ќе вклучи хелихоптери и возила и има за цел подобрување на соработката меѓу разни единици на КФОР, како и одржување на нивната подготвеност. КФОР редовно изведува вежби за да бикде подготвен да го исполни сопствениот мандат“, се наведува во соопштението објавено на Фејсбук.

Кон соопштението е објавена и видео снимка од некоја од претходните вежби каде што, проследена со драматична музика, се гледаат припадници на КФОР како пробиваат барикади на патиштата и во полна опрема за растурање на демонстрации им се спротиставуваат на бунтовниците, трчаат низ оган од фрлени молотови коктели, патролираат во воени возила и со хелихоптери спасуваат ранети.

КФОР на почетокот на оваа недела поради лошите временски прилики ја одложи тридневната вежба која требаше да почне во средата и да трае до вчеравечер.

(Фото: ЕПА)