Лани рекорден број на туристи во Шпанија – 82,6 милиони

Бројот на меѓународни посетители во Шпанија надмина уште еден рекорд во 2018 година, шести по ред, изјави денеска министерот за индустрија Рејес Марото.

Прелиминарните официјални податоци покажуваат дека бројот на посетители во Шпанија порасна за 0,9 проценти во 2018-та во однос на претходната година, на 82,6 милиони туристи, пренесе Ројтерс.

Шпанија е втора најпосетена земја на светот после Франција, а туризмот е клучен сектор за домашната економија, кој пртидонесува со речиси 12 отсто во бруто домашниот производ.