Летово намален бројот на издадени градежни дозволи

Во јули годинава се издадени 205 одобренија за градење, што е за 19,9 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1.554.923.000 денари, што е за 55.1 проценти помалку во однос на јули лани. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 124 (60.5 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 24 (11.7 отсто) за објекти од нискоградба и 57 (27.8 отсто) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 205 објекти, на 134 (65.4 отсто) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 71 (34.6 отсто) објект инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 210 станови, со вкупна корисна површина од 19.748 метри квадратни.