Литванија денеска ќе го ратификува Протоколот за НАТО

Сејмот на Литванија денеска на пленарна седница треба да го ратификува Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО.

На седницата ќе присуствува и пред пратениците во литванскиот Парламент ќе се обрати претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Протоколот досега го ратификуваа седум земји членки на НАТО. Прва тоа го стори Грција, по неа и Словенија, Албанија, Бугарија, Хрватска и Црна Гора, а вчера и Романија.

Земјите-членки на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји-членки на Алијансата, Северна Македонија и официјално ќе стане полноправна членка.