Лица со посебни потреби со куче придружник ќе можат да се возат во ЈСП

„Јавното сообраќајно претпријатие „ Скопје“ донесе одлука, лицата со посебни потреби кои користат куче придружник да можат непречено да ги користат услугите на ЈСП.

Лицата со куче придружник ќе можат да се возат и во Жичарницата.

Одлуката е донесена со оглед на фактот дека кучињата придружници се од голема помош на посочената категорија лица, имајќи во предвид дека тие им се од голема корист како дополнително помагало во извршување на секојдневните обврски и активности.

Од ЈСП апелираат и до останатите јавни институции, маркети, кина, театри, трговски центри, да донесат соодветна одлука, а со тоа автоматски да се вклучат во подигнување на јавната свест за отворени врати и слободен пристап на кучињата придружници на лицата со хендикеп.

„Ги повикуваме сите корисници на нашите услуги да се воздржат од негативни реакции доколку се доведат во ситуација да се возат со лице со куче придружник имајќи во предвид дека кучињата се безопасни по околината, тие се специјално дресирани со намена за придружба и движење на посочената категорија лица.