ЛШ: Предност за Рома и ПСЖ по првите осминафинални дуели

Екипите на Рома и на Пари Сен-жермен забележаа победа на првите натпревари од осминафиналната фаза во фудбалската Лига на шампиони.

Рома на домашен терен го совлада Порто со 2:1.

Двоен стрелец за римјаните беше Николо Заниоло (70 и 76. минута), погодокот за португалскиот тим го постигна Адрианво 79. минута.

Голем исчекор кон четвртфиналето направи ПСЖ со гостинскиот триумф кај Манчестер јунајтед со 2:0.

Кимпембе и Мбапе во второто полувреме го погодија голот на Де Геа.

Реваншите се на 6 март.