Македонија и Албанија ќе воведат заеднички контроли на Ќафасан

За можноста за воведување заеднички контроли на надлежните органи на Македонија и Албанија на патниот граничен премин Ќафасан, што ќе овозможи забрзување на протокот на патници, стока и превозни средства разговарале денеска во Поградец министрите за внатрешни работи на двете земји, Оливер Спасовски и Сандер Лешај.

Ваков проект  т.н. „One stop control“ е во завршна фаза пред имплеметација со Република Србија, на граничниот премин Табановце, а од примерите во земјите каде веќе функционира евидентно е дека се преполовува времето на чекање на граѓаните, а се штедат и ресурси, соопшти МВР.

Спасовски и Лешај на средбата ја потенцирале одличната соработка  меѓу полициите на двете земји, особено меѓу граничните полиции.

Се договориле соработкатата меѓу граничните полиции на двете држави да продолжи и во иднина на сите нивоа, пред се преку редовно одржување состаноци, размена на искуства и корисни информации за подобрување на ефикасноста на граничното управување, спречување на илегални миграции и сите форми на прекуграничен криминал