Максимов потпиша тригодишен договор со Работнички

Работнички потпиша професионален договор со младиот и талентиран фудбалер Методи Максимов.

„Тој стави потпис за тригодишна соработка со нашиот клуб“, објавија „романтичарите“ на клупскиот сајт.

Младиот офанзивец беше еден од најдобрите во младинската школа, репрезентативец во селекциите до 18 и до 19 години и оваа сезона доби шанса да биде дел од сениорскиот состав што го предводи Александар Влахо.

Тренерот на Работнички по поразот во Струга во првото коло од македонскиот шампионат најави едно до две засилувања до крајот на преодниот рок.