МВР Билтен (ДПЛ)

Синоќа околу 23:30 часот на улица „Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово запреле патничко возило „Опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал М.А.(19) од Тетово, а во кое се наоѓал и С.Б.(22) од Тетово.

При преглед во возилото била пронајдена и одземена марихуана, ризла и пет ножеви на расклопување.

Двајцата се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово, а по целосно расчистување на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во 09:15 часот во СВР Штип, А.Г.(51) од Штип вчера пријавила дека на ул.„Вера Циривири Трена“ во Штип била касната од куче скитник во пределот на десната нога.

Утрово во 00:15 часот во Полициското одделение Сарај, А.Ш.(36) од с.Љубин, скопско, пријави дека на 19.07.2019 околу 21:00 часот, додека бил во дворот од куќата на братучедот С.Ш. заедно со семејствата, неговиот чичко Е.Ш. со возило удрил во ѕидот од оградата, по што излегол и им упатил закани и се обидел да ги нападне.

Е.Ш. бил приведен и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера околу 21:30 часот, при асистенција на полициски службеници за спроведување на лицето С.Н.(27) од Велес, поради нарушено психичко здравје, на Нервното одделение во болницата во Велес, С.Н. физички нападнал полициски службеник.

Вчера во 10:50 часот во Полициската станица Аеродром, И.А.(30) од Неготино пријавила дека во продавница за бели печива физички била нападната од едно лице.

Се работи на расчистување на случајот.

Во 17:00 часот во СВР Куманово, М.Р.(26) од Куманово вчера пријавил дека бил физички нападнат од Б.С., Б.С. и С.А., сите од Куманово.

Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 21:00 часот во СВР Штип, М.И.(40) од Штип пријавил дека истиот ден околу 17:30 часот на ул.„Борис Крајгер“ бил физички нападнат од О.Н. и Ѓ.Н., двајцата од Штип.

Се работи на расчистување на случајот.

На 19 јули 2019 околу 21:30 часот во СВР Скопје, Г.Р.(38) од с.Арачиново
пријавил дека го пронашол телото на неговиот татко Н.Р.(68) во бунар во близина на својата куќа во Арачиново.

Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Утрово во 01:00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Б.Ф.(35) од
Скопје пријави дека околу 00:30 часот на улица „Лука Геров“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Синоќа околу 23:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во обложувалница на ул.„Стогово“ непознато лице извршило разбојништво и одзело пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(39) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 02:00 часот на ул.„376“,физички бил нападнат од неколку лица.

Се работи на расчистување на случајот