МВР Билтен

На 13.07.2019 во 01,30 часот на локален пат за с.Србјани-Кичево, 16-годишна девојка од Прилеп, управувајќи мопед „лонгија“ изгубила контрола и паднала заедно со сопатникот- 15-годишно момче од Прилеп при што се здобиле со повреди и им била укажана лекарска помош во Медицински центар Кичево.

„Увид на лице место извршила увидна екипа од ПС-Кичево“, соопшти денеска МВР.

На 13.07.2019 во 00.55 часот 47-годишна жена од Скопје пријавила дека на бул.Јане Сандански во трговски центар била физички нападната од поранешниот љубовник Љ.Т (55) од Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 12.07.2019 година околу 18,15 часот во Гостивар лишен од слобода е Ќ.Р. од Гостивар поради напад на полициски службеник при преземање на службени дејствија и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

На 13.07.2019 год. во 01.40 ч. Ф.М (25) од Скопје пријавил дека пред угостителски објект во Стара чаршија бил физички нападнат од три лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.