Министрите за земјоделство на Македонија и на Словенија на појадок во Охрид по повод Меѓународниот ден на пчелите

„Со појадок организиран од Амбасадата на Република Словенија денеска во Охрид во присуство на министрите за земјоделство на Република Словенија, Александра Пивец и на Република Северна Македонија, Љупчо Николовски беше одбележан Светскиот ден на пчелата 20 Мај.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Николовски пред трпезата на која доминираше медот ја нагласи важноста на пчелите за земјоделството, како незаменлив биолошки фактор за природните процеси во природата како главни опрашувачи на растенијата и како такви активни учесници во производството на храна.

„Пчелите се чувари на синџирот на исхраната и на биодиверзитетот на нашиот вид. Од друга страна, пчелните производи како медот, матичниот млеч, поленот, изобилуваат со природни витамини неопходни за развојот.

Неговата колешка од Словенија Александра Пивец, потсети дека минатогодишната иницијатива на Република Словенија за прогласување на 20 мај за Светски ден на пчелата имала за цел да се потсети светската јавност за важноста на здравјето на пчелите, дотолку повеќе што секоја трета лажица од храната во светски рамки е обезбедена благодарение токму на пчелите.

„Наша цел не беше само да се прогласува Денот на пчелата само како светски празник на храната, туку пред се да се алармира светската јавност за потребата од заштита на пчелите и поголема грижа за нивното здравје, рече Пивец.

Инаку, во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Светскиот ден на пчелите 20 мај ќе биде одбележан и со централен настан што ќе се одржи на улицата „Македонија“ во Скопје.

МИА