Мицотакис ги откажа денешните средби поради ситуацијата на Халкидики

Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис од утрово се информира за последиците од невремето што одзеде шест животи, а поради ситуацијата на Халкидики ги откажа средбите закажани за утрово.

Мицотакис беше планирано во 10,30 часот да се сретне со поранешниот грчки премиер Андонис Самарас, а час подоцна да го посети Министерството за образование.

Поради ситуацијата на Халкидики, овие средби се откажани.