Над 80 години затвор за обвинетите за нападот на Зијадин Села

На седумтемина обвинети за обид за убиството на пратеникот Зијадин Села, Кривичниот суд во Скопје им изрече затворски казни во траење од 10-13 години.

Четворица од обвинетите се осудени на 10 години и 6 месеци затвор, додека тројца обвинети добија по 13 години затвор.

На сите им се судеше за кривично дело обид за убиство иако претходно нивните двокати побараа ослободителни пресуди за сите, со образложение дека за ниту еден од нив не постојат докази дека се обиделе да го убијат Села.

Зијадин Села беше нападнат и тешко повреден во немирите во македонското собрание на 27 април 2017 година.

 

АЛСАТ М