Наполи го објави трансферот на Манолас

Калчолигашот Наполи соопшти дека се засили со 28-годишниот дефанзивец на Рома, Костас Манолас.

Висинита на трансферот изнесува 36 милиони евра.

Клубот од Неапол има амбиции во новата сезона да го симне од тронот долгогодишниот владетел во италијанскиот фудбал, Јувентус.

Манолас ги бранеше боите на Рома од 2014 година настапувајќи 206 натпревари во пет сезони и постигнувајќи осум гола.