НАСА: Кон Земјата се приближува астероид, но нема опасност

Оваа седмица на Земјата ќе ѝ се приближи астероид, што НАСА првично го означи како „потенцијално опасен“ и го именува „1999 ЦФ-22“, но сега Агенцијата наведува дека нема потреба за паника, бидејќи астероидот ќе мине на „безбедна оддалеченост“ од нашата планета.

„Можеме со сигурност да кажеме дека следните неколку стотици години нема да има опасност големи објекти да ја погодат Земјата“, соопшти НАСА.

Астероидот „1999 ЦФ-22“, кој е едeн во дождот астероиди што неделава ќе мине крај Земјата, е 4,5 пати поголем од конструкцијата на популарниот лондонски Биг Бен.