Најмалку 30 жртви за време на верска прослава во Индија

Повеќе од 30 хиндуистички верници се удавија во реки и езеро за време на верски прослави во Индија, соопштија денеска локалните власти.

Најмалку 11 верници се удавиле кога нивниот чамец се превртел за време на верска прослава на езеро во централна Индија, соопшти полицијата.

Локалните медиуми информираат дека уште 18 луѓе се удавиле во реки во шест градови во државата Махараштра.

За време на верски церемонии четворица верници се удавиле во реката Јамуна во Њу Делхи.

Хиндусите го слават роденденот на богот Ганеш, кој е симбол на мудрос просперитет и добра среќа.