Нетанјаху: Секој Палестинец што во 2018 уби Израелец е мртов или уапсен

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху изјави дека сите палестински напаѓачи кои убија Израелци во 2018 година се или убиени или уапсени, пренесуваат израелските медиуми.

Тоа што граѓаните на Израел мораат да знаат е дека секој кој убил израелски граѓанин лани е убиен или уапсен. Тоа е достигнување на кое што му нема рамен во светот“, рече Нетанјаху при посетата на една база каде што е стационирана елитната израелска контратерористичка единица Јамам.

Нетанјаху во базата после апсењето го посети Палестинецот Асам Баргути кој во декември уби двајца израелски војници за Западниот брег.

На неговото апсење му претходеше убиството на Ашраф Валид Сулејман убиец на двајца Израелци вработени во индустриската зона на таа територија и апсење на четири Палестинци осомничени за вооружен напад крај еврејската населба Офра и убиството на петтиот осомничен Салах Омар Баргути. Во нападот крај таа населба беа ранети седум лица.

Израелскиот лидер ги пофали споменатата единица и безбедносната служба Шин бет за фаѓање на напаѓачите. Тој оцени дека тоа се двете најдобри контратерористички единици во светот, додавајќи дека претставниците на многу земји доаѓаат во Израел и велат „донесете ги кај нас за да учиме од нив“.

Во терористички напади минатата година се убиени 14 лица, а во 2017-та 19, според податоците од израелското Министерство за надворешни работи. Бројот на жртви во 2018е најмал после 2013-та, кога беа убиени тројца луѓе.

Во екот на второто палестинско востание, интифада, против израелската окупација во 2002 година во терористички напади убиени се 457 лица.