Огласот за набавка на 13.000 тони домашна печница за стоковни резерви до 15 август

До 15 август ќе биде отворен јавниот оглас на Агенцијата за стоковни резерви за набавка на меркантилна пченица. Со огласот е предвиден откуп на 13.000 тони домашна пченица. Распишани се 10 лотови по 100 тони и три лота по 4.000 тони пченица.

По завршување јавниот оглас, мелничарите ќе можат да ја понудат откупената пченица од домашните производители на Агенцијата за стоковни резерви.

„Оваа мерка што произлезе како предлог од досегашните одржани состоноци пред почетокот на жетвата со земјоделците и мелничарите, ќе придонесе за зголемување на откупот на домашна пченица, како и за постигнување повисока откупна цена, велат од Министерството за земјоделство.

Паралелно, Министерството ги разгледува опциите за можни интеrвентни измени на Програмата за директни плаќања 2018, во скалестиот начин на субвенции за поледелските култури, пред се за пченицата.

„Жетвата почна, екипи на МЗШВ ги следат приносите и квалитетот врз основа на што деновиве ќе биде објавена производната цена на пченицата, информира Министерството и додава дека ќе ја исполни оваа обрска не само за пченицата, туку и за останатите земјоделски култури.

Според МЗШВ, откупната цена на јачменот достигна девет денари за килограм.