Од затвор во Австрија побегнаа 47 затвореници

Од јануари до октомври минатата година 180 затвореници се обиделе да побегнат од австриските затвори, а 47 успеале во намерата, произлегува од одговорот на министерот за правосудство Јозеф Мозер на пратеничко прашање поставено од партијата Неос.

Бројот на затвореници кои успеале да побегнат од притвор, со тоа, во однос на изминатите години јасно порасна.

Имено, во 2016 година од австриските затвори успеале да побегнат 22 затвореници, а во 2017-та 31.

Портпаролот на Неос, Ирмгард Грис, истакна дека се потребни лица за безбедност на затворите, како и поголеми ресурси за ресоцијализација и социјализација во тие установи.

Инаку, најмногу обиди за бегство регистрирани се виенскиот затвор „Симеринг“.

 

(Фото:humanrights.gov.au)